Дома Фудбал Во Премиер лигата шокирани од нападите кон фудбалерот на Челзи: Згрозени сме!

Во Премиер лигата шокирани од нападите кон фудбалерот на Челзи: Згрозени сме!

Англиската Премиер лига изрази шокираност од расистичките навреди кои ги доживеа дефанзивецот на Челзи, Весли Фофана, на социјалните мрежи, по поразот на неговиот тим од Арсенал пред два дена (0:1).

Францускиот фудбалер објави на својот Instagram стори слики од екран со расистички пораки кои ги добил, со порака: “Глупоста и суровоста повеќе не можат да се скријат.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Премиер лигата е шокирана од навредите на сметка на Весли Фофана по натпреварот меѓу Челзи и Арсенал. Ќе обезбедиме целосна поддршка за Весли и клубот,” е наведено во изјавата на Премиер лигата.

“Соработуваме со социјалните мрежи и надлежните органи за да осигуриме дека сите одговорни за ваквите напади ќе се соочат со најстрогите можни последици.”

Фофана вчера истакна дека социјалните мрежи треба да преземат конкретни мерки за да се спречи вакво однесување.

“Ова не е само фудбал, ова не е само ‘игра’ кога некои мислат дека бојата на кожата ги прави супериорни над другите”, изјави Фофана.

“Време е да се променат работите, да платформите реагираат и сите да преземат одговорност”.

Челзи соопшти дека е шокиран од неодамнешниот пораст на расистички навреди на интернет насочени кон неговите играчи и навести дека таквото однесување нема да биде толерирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двојник на Серхио Рамос на натпреварот на Барселона: Сите без зборови поради еден човек (Фото)

Друштвените мрежи беа преплавени по натпреварот Гвадалахара – Барселона со фотографи…