Дома Фудбал Јунајтед бара излез од кризата, решија да ги „удрат“ своите навивачи

Јунајтед бара излез од кризата, решија да ги „удрат“ своите навивачи

Манчестер Јунајтед одлучи да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за околу пет проценти за да ги ублажи финансиските проблеми во кои се наоѓа.

„По 11 години замрзнати цени, во последните две години ги зголемувавме цените на билетите за пет проценти, а истото го планираме и за следната година за да ги ублажиме трошоците на работењето. Разбираме дека било какво поскапување не е добредојдено, особено во време на послаби резултати на теренот, но клубот одлучи дека не би било фер да се задржат истите цени на билетите додека сите останати трошоци растат. Ова зголемување на цените е минимално, а истовремено од него ги заштитивме нашите најмлади претплатници,” објасни извршниот директор на Јунајтед, Омар Берада.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Најавеното поскапување значи дека цените на сезонските билети во просек ќе пораснат за 2,5 фунти.

Од Здружението на навивачи на Манчестер Јунајтед ја коментираа оваа одлука на начин дека поскапувањето е помало од очекуваното, но сепак изразија незадоволство што воопшто дојде до него.

Минатиот месец Јунајтед објави дека ќе отпушти 150 до 200 работници на клубот за да ги намали трошоците, а минатата недела претстави и план за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 места, чија цена ќе изнесува околу два милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната со двајца тинејџери – потребни ќе бидат 90 милиони евра!

Реал Мадрид ќе бара нови играчи на стоперските позиции, пишуваат шпанските медиуми и откри…