Дома Фудбал От Атлетико ги отфрлија шпекулациите за Алварес и Ливерпул

От Атлетико ги отфрлија шпекулациите за Алварес и Ливерпул

Спортскиот директор на Атлетико Мадрид Карлос Бусеро ги отфрли шпекулациите дека Ливерпул веќе преговара за ангажирање на напаѓачот Хулиан Алварес, кого „јорганџиите“ го доведоа летово од Манчестер Сити за 80 милиони фунти.

Мерсисајдците сакаат да земат нов квалитетен напаѓач, а неодамна агентот на Аргентинецот, Фернандо Идалго, откри дека Ливерпул уште минатото лето покажал интерес за Алварес, што уште повеќе ги разгоре гласините.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Тврдењата дека Ливерпул поднесол официјална понуда за нашиот играч Хулиан Алварес не се вистината. Тоа се само гласини. Алварес е клучен играч во нашиот проект и немаме никаква намера да се разделиме со него. И самиот играч не обрнува внимание на овие шпекулации“, изјави Карлос Бусеро.

Алварес има одлична дебитантска сезона со дресот на Атлетико, досега има 23 гола на 44 натпревари во сите турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…