
Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета (27), кој моментално игра за Вест Хем Јунајтед, се соочува со најголемата битка во својата кариера. Се работи за дисциплинско сослушување кое ќе ја одреди неговата фудбалска судбина.
Обвиненијата против него вклучуваат намерно добивање четири жолти картони за да можат неговото семејство и пријатели да заработат преку обложување. Истражителите откриле околу 60 облози на неговите жолти картони на натпревари од 2022 и 2023 година, со влогови од 7 до 400 фунти. Некои од тие облози се поврзани со неговото семејство.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Пакета остро ги негира сите обвиненија, тврдејќи дека опомените се резултат на неговиот агресивен стил на игра. Неговиот правен тим нагласува дека опциите за жолти картони се популарни меѓу обложувачите и дека Пакета има репутација на агресивен играч кој често ги нарушува правилата, пишува „Гардијан“. Иако Пакета активно игра за Вест Хем за време на овој процес, веќе претрпел значајни последици.
Минатото лето му пропадна трансферот во Манчестер Сити вреден 95 милиони евра поради истрагата која ја започна ФА. Пакета се повлече од бразилската репрезентација за да се фокусира на одбраната на судот. Тој целосно соработувал со истрагата, предавајќи телефонски записи, банкарски извештаи и мобилен телефон. Во случај обвиненијата да бидат потврдени, Пакета се соочува со доживотна забрана за играње фудбал.