Дома Фудбал Teрзиќ: Ова е најмалку што можеме да го направиме за нашите браќа Македонци

Teрзиќ: Ова е најмалку што можеме да го направиме за нашите браќа Македонци

Во вторникот Црвена звезда достави порака до медиумите од генерален директор Звездан Терзиќ и изрази сочувство упатени кон народот на Македонија по страшната трагедија во Кочани. Терзиќ потврди дека црвено-белите ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје.

„Сите во Црвена звезда длабоко ги потресе трагедијата што се случи во Кочани.. Веднаш стапивме во контакт со нашите легендарни играчи од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со раководството на Вардар и се договоривме на 16 април да гостуваме во Скопје и да одиграме хуманитарен натпревар. Сите приходи од овој натпревар ќе се насочат кон семејствата на загинатите во оваа страшна несреќа“, рече генералниот директор на Црвена звезда Звездан Терзиќ.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Ова е најмалку што Црвена звезда можеше да направи во овој тежок момент за својата братска Македонија“, додаде тој.

„Изразуваме искрено сочувство кон сите семејства на загинатите, како и кон сите граѓани на Македонија, со надеж дека со овој гест ќе покажеме колку не’ погоди оваа трагедија и колку сме сплотени во болката со семејствата на загинатите“, заклучи Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико подготвува понуда за Нуњес

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира да достави понуда за напаѓачот од Ливерпул, Дарвин …