Дома Фудбал Мбапе му се отвори на Дембеле: Реал Мадрид не е тоа што го очекував…

Мбапе му се отвори на Дембеле: Реал Мадрид не е тоа што го очекував…

Килијан Мбапе се врати во француската репрезентација, со која ќе игра двомеч против Хрватска во полуфиналето на Лига на нации.

Французинот ќе биде најголемата закана за голот на Доминик Ливаковиќ, откако во првата сезона во дресот на Реал Мадрид блесна. Моментално има учинок од 30 голови и четири асистенции на 43 натпревари.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На почетокот имаше многу критики, сушни периоди за поранешна ѕвезда на ПСЖ, но во последно време блеска. Против Вилјареал во саботата постигна два гола за победа од 2:1 на Мадридскиот клуб.

Ден по тој натпревар Мбапе се појави во Франција, каде се подготвува со репрезентацијата за дуелите со Хрватска. Таму пристигна да разговара и со новинарите и со соиграчите, а на Осман Дембеле, со кого играше во Париз, му ги откри мислењата за првата сезона во Мадрид. Дембеле заедно со Вилијам Салиба му е најдобар пријател во француската репрезентација.

„Реал Мадрид не е тоа што и јас сам го очекував… Ова е нешто посебно. Дури е и поголем клуб отколку што мислев, сè е неверојатно, навивачите, притисокот, стадионот, луѓето кои те чекаат во кој било град во светот. Неверојатна работа”, призна напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах беше избрна за најдобар во Англија и постави нов рекорд во 21. век!

Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул, е прогласен за играч на годината од фудбалските нов…