Дома Фудбал Во Њукасл го слават трофејот по 70 години: Не сакам да спијам, се чувствувам како да сонувам!

Во Њукасл го слават трофејот по 70 години: Не сакам да спијам, се чувствувам како да сонувам!

Еден од хероите на Њукасл во победата (2:1) против Ливерпул, со која е освоен Карабао купот, Ден Берн изјави за Скај Спорт дека се чувствува како во сон.

Освојувањето на трофејот навивачите на Њукасл го дочекаа со големо воодушевување, а Ден Берн не ги сокри своите емоции. Њукасл до водство во големото финале стигна во 45. минута, при што Берн скокна високо по изведениот корнер и постигна одличен гол со глава.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Имав и потешки недели во мојот живот. Не сакам да спијам, бидејќи веќе се чувствувам како во некој сон и се плашам дека сонот може да се прекине“, изјави Берн.

Тој додаде дека не е навикнат на освојување трофеи.

„Се чувствувам чудно, не сум навикнат да освојувам трофеи и сега не знам како да се однесувам, само знам дека чувството е прекрасно“, изјави Берн, па заклучи:

„Ќе бидам прв во осум наутро на тренинг“.

За Њукасл ова е прв трофеј во Англија освоен од 1955 година! Два пати Њукасл играше во финалето на Лига купот – во сезоната 1975/76 и во сезоната 2022/23, но дури сега успеа да го подигне пехарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го зема англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците

Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскио…