
Хамес Родригез, 33-годишниот играч на мексиканскиот Леон, кој Реал го донесе од Монако во 2014 година во трансфер вреден 70 милиони евра, прокоментира времето поминато во Мадрид. При тоа играше игра во која мораше да избере кој е подобар од двајца понудени играчи, и себеси се стави пред некои великани како што се Зинедин Зидан и Лука Модриќ.
Колумбискиот репрезентативец стигна во Мадрид како четвртиот најскап трансфер на сите времиња, откако заблеска на Светското првенство во Бразил, каде со шест гола беше најдобар стрелец на турнирот. На неговото претставување го пречекаа 45.000 луѓе. Реал го напушти во 2020 година со резултат од 37 голови и 42 асистенции во 125 натпревари за клубот. Како играч на Реал освои две Лиги на шампиони, две Ла Лиги и вкупно девет трофеи.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Ме посакуваа и Манчестер Сити и ПСЖ, ми нудеа многу пари. Реал го одбрав откако претседателот на клубот Флорентино Перез ме праша дали сакам слава или пари. Секогаш бев фан на Реал. Кога дојдов во клубот, не знаев како ќе разговарам со Рамос, Бензема, Модриќ, Роналдо или Касиљас. Сите беа пристапни”, се присети на почетоците во Реал.
Од тренерите што го воделе во Реал призна дека не се сложувал со Рафаел Бенитез, а дека имал добар однос со Зидан. “Тој ми беше идол. Не се љутев на него иако не ме ставаше во игра. Ги користеше Крос, Касемиро и Модриќ. Го почитувам тоа”, рече тој.