Дома Фудбал Дербито меѓу Вардар и Шкендија заврши без победник

Дербито меѓу Вардар и Шкендија заврши без победник

Екипите на Вардар и Шкендија денеска го одиграа големото дерби од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кое се одржа на тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Двата тима се задоволија со по еден бод, откако натпреварот заврши без победник, 1-1.

Натпреварот понуди возбудлив фудбал, големи шанси на двете страни и одлична атмосфера на трибините, каде што навивачите на Вардар создадоа посебен амбиент.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Шкендија прва го отвори резултатот, откако во 21. минута со прецизен удар од далечина се запиша Решат Рамадани. Сепак, гостите немаа долго време да се радуваат, бидејќи само четири минути подоцна, Вардар возврати. Новото засилување од Тиквеш, Спахиу, го матираше голманот на Шкендија и израмни на 1-1.

Со овој бод, Вардар сега има 22 бода и останува на осмата позиција на табелата, додека Шкендија останува на првото место со 50 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…