Дома Фудбал Анчелоти збесна: Зошто играме на секои три дена?

Анчелоти збесна: Зошто играме на секои три дена?

Само три дена по исцрпувачкиот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико, кој Реал го мина по 120 минути игра и пенали, актуелниот шампион на Шпанија мора да продолжи со борбата за одбрана на домашната титула, и тоа на тешко гостување. Реал утре од 18:30 часот гостува кај Виљареал, во дерби мечот од 28. коло на Ла Лига. Гостува кај екипата што се бори за место кое води во Лигата на шампионите. За Реал овој натпревар е клучен, како и сите останати десет до крајот на Ла Лига, бидејќи таму на врвот води тесна трка за титулата со Барселона и Атлетико.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, затоа на прес-конференцијата за медиумите говореше огорчено за преголемиот број натпревари во сезонава и густ распоред: „Ме прашувате како е мојот тим? Се уште се опоравуваме. Па, натпреварот против Атлетико беше толку неодамна. Не разбирам зошто играме утре. Основниот минимум за опоравување по натпревар е 72 часа, но за опоравување, а не да мораш пред истекот на тој рок да играш нов натпревар.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


На нас ни следи токму тоа. Но, зошто воопшто зборуваме за опоравување на играчите кога тоа не е приоритет. Тие кои одлучуваат се грижат само за телевизиските права, не за фудбалерите. Оваа сезона ни е многу стресна поради преголемиот број натпревари. Од почетокот на 2025 игравме веќе 22 натпревари. Тоа значи дека од јануари играме на секои три дена. Неверојатно!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански новинар: Модриќ би можел на Мбапе да му држи приватни часови

Шпанскиот новинар Хуанма Родригез гостуваше во програмата Ел Чирингито каде што ги коменти…