Дома Фудбал Гризман на Реал му даде ист гол каков што на Алварез му беше поништен и тоа во Лигата на шампионите

Гризман на Реал му даде ист гол каков што на Алварез му беше поништен и тоа во Лигата на шампионите

Реал го помина Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по пеналите и така се пласира во четвртфинале против Арсенал. Првиот натпревар на Сантјаго Бернабеу заврши со победа на Реал 2:1. Во возвратниот натпревар, Атлетико на својот стадион победи 1:0 со гол на Конор Галагер во 1-та минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој резултат остана до крајот на продолженијата, па за победникот решаваа пеналите. Реал во пеналите победи 4:2, а серијата ја одбележи одлуката на судијата Шимон Марчиниак да по интервенција на ВАР да го поништи голот постигнат од Хулиан Алварез. Напаѓачот на Атлетико се послизна малку при изведувањето на пеналот.

Играчите на Реал се пожалија дека двапати ја допрел топката кога шутирал и полскиот судија поради тоа го поништи голот. Од тогаш во медиумите и на социјалните мрежи трае полемика дали Алварез нерегуларно го изведе пеналот.

Шпанските медиуми истакнуваат дека придонес кон дебатата дал Лука Модриќ и тоа така што капитенот на Реал потсети дека Атлетико веќе еднаш на Реал му дал гол од вака нерегуларно изведен пенал. “Вака како што сега на Атлетико не му беше признат голот од пеналот, еднаш веќе им успеаја да ни дадат гол. Тогаш, со нерегуларно изведен пенал против нас постигна Антоан Гризман и тоа им беше признато”, потсети Модриќ по синоќешниот натпревар на голот кој можете да го видите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…