Дома Фудбал Се појави снимка: Погледнете кој прв ја забележа грешката на Алварез и го извести судијата (Видео).

Се појави снимка: Погледнете кој прв ја забележа грешката на Алварез и го извести судијата (Видео).

На натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, се случи контроверзна ситуација за време на изведување на пеналот од страна на Хулијан Алварез, а прв кој сѐ забележа беше Килијан Мбапе.

Алварез изведе пенал, но се лизна, што резултираше во двоен допир со топката, што според правилата на фудбал не е дозволено и голот беше поништен.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Прв кој ја забележа оваа грешка беше Килијан Мбапе. Веднаш реагираше, сигнализирајќи им на судиите за двојниот допир, што на крај доведе до поништување на голот.

Голманот на Реал, Тибо Куртоа, исто така почувствува дека нешто не е во ред и заедно со останатите играчи го предупреди судијата Шимон Марчиниак, кој потоа со помош на ВАР го поништи голот поради двојниот допир на Алварез.

Реал после пеналите беше подобар со 4:2 и помина во четвртфиналето каде ќе игра против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Престијани призна дека го навредувал Винисиус!

Иако натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше одигран во вторник, настаните од таа ср…