Дома Фудбал Погледнете го одговорот на Винисиус до навивачите на Атлетико: “Ние 15, вие 0”

Погледнете го одговорот на Винисиус до навивачите на Атлетико: “Ние 15, вие 0”

РЕАЛ го совлада Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по пеналите и така обезбеди четвртфинале против Арсенал. Првиот натпревар на “Бернабеу” заврши со победа на Реал од 2:1. Во реваншот Атлетико на својот стадион победи 1:0 со голот на Конор Галагер во 1-та минута.

Тој резултат остана до крајот на продолженијата, па победникот беше решен со пенали. Реал победи во пенал серијата со 4:2, а серијата беше обележана со одлуката на судијата Шимон Марчињак на интервенција на ВАР да го поништи голот што го постигна Џулиан Алварез. Откако Антонио Рудигер го постигна победничкиот пенал, навивачите на Реал жестоко славеа на стадионот на еден од двата најголеми ривали.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Стана вирална сцена снимена од западната трибина на “Метрополитано” додека натпреварот уште траеше, а за неа е заслужен Винициус, иако играше лошо и промаши пенал во 70-та минута. Пет минути пред крајот на продолженијата Карло Анчелоти го замени Винициус и го внесе Ендрик. Најдобриот стрелец на Реал е најомразениот играч кај навивачите на ривалите на шампионот на Шпанија и Европа.

Навивачите на Атлетико со нетрпение чекаа Винициус да им се приближи и додека се поздравуваше со соиграчите на клупата, почнаа да му дофрлаат и да го навредуваат. Винисиус им одговори со гестикулација. Со прстите покажа “ние 15, вие 0”. Ова се однесува на бројот европски титули кои ги освоил Реал и неможноста на неговите градски ривали да постигнат таков успех.

Особено ги боли навивачите на Атлетико што две од три финалиња на Лигата на шампионите ги загубија од Реал, 2014 и 2016. Сега повторно градскиот ривал им ја спречи шансата за европска титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа го критикуваше Симеоне: Доста ми е од плачење

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, совладув…