Борусија Дортмунд успеа да се квалификува во четвртфиналето на Лигата на шампионите со победа од 1-2 на гости кај Лил во Франција.
Првиот натпревар на домашен терен во Германија заврши со нерешен резултат 1-1, што го направи Лил благ фаворит за денешната пресметка. Тие рано го отворија резултатот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Давид постигна гол веќе во петтата минута, со што Лил поведе со 1-0. Овој резултат остана до крајот на првото полувреме. Во 54. минута Емре Џан израмни на 1-1 со гол од пенал.
Максимилијан Бајер обезбеди пресврт и пласман во четвртфиналето со гол во 65-та минута.