Дома Фудбал Кореа суспендиран на пет меча

Кореа суспендиран на пет меча

Анхел Кореа, напаѓач на Атлетико Мадрид, доби пет натпревари суспензија, објави Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација.

Причината за оваа казна се навредливите изрази кои Аргентинецот ги насочи кон главниот судија Гиљермо Куадра Фернандес, откако неговиот тим загуби од Хетафе со резултат 1-2 во претходното коло на Ла Лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во 88. минута, Кореа заработи директен црвен картон поради опасен прекршок. Одејќи кон соблекувалната, го навредил судијата, што е запишано и во официјалниот извештај.

Подоцна, тој изрази жалење за своето однесување преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Роналдињо пронајде нов клуб!

Нова можност за бразилскиот млад фудбалер да покаже дека талентот влече од коренот. Догово…