Дома Фудбал Дембеле против Ливерпул изведе одличен пенал, но знаете ли зошто шутираше со „послабата“ нога?

Дембеле против Ливерпул изведе одличен пенал, но знаете ли зошто шутираше со „послабата“ нога?

Најдобриот играч на Пари Сен Жермен оваа сезона, Усман Дембеле, повторно е во центарот на вниманието откако го изведе пеналот против Ливерпул со послабата, десна нога.

Која е посилната нога на Усман Дембеле е честа тема во светот на фудбалот. Секогаш кога изведува пенал, а особено во големи моменти како што беше синоќа, се поставува прашањето за неговата посилна, односно послаба нога.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Во дуелот против Ливерпул и драмата со пенали на крајот од натпреварот, која фудбалерите на ПСЖ ја решија во своја корист и ги победија „Црвените“ на Енфилд, Дембеле повторно играше „шах“, односно психолошки игри кои успешно му се исплатија.

Дембеле се намести на левата нога, која му е обично посилна и природна, но потоа во залетот се префрли на десната и шутна, постигнувајќи го клучниот гол. Со тој погодок, ПСЖ го искористи промашениот пенал претходно и премина во водство во серијата пенали, што им донесе и победа.

Некогаш, Дембеле откри зошто често шутка пенали со „послабата“ нога. Потврди дека е левак, но дека со десната нога често изведува пенали.

Но, изненадувачко е што Французот во кариерата постигнал 37 гола од пенал со левата и 42 со десната нога. Затоа, голманот никогаш не знае со која нога ќе се одлучи Дембеле да шутне.

„Левата нога ми е посилна, јас сум левакг“, рече Дембеле некогаш за француските медиуми, а потоа ги збуни присутните со вториот дел од изјавата: „Пенали шуткам со десната, затоа што подобро ги изведувам со таа нога“, рече Дембеле.

Иако, се чини, ни самиот нема одговор која му е посилната нога и зошто тоа го прави, тоа за него не претставува никаков проблем затоа што најчесто е непогрешлив од белата точка. Така беше и синоќа.

Пеналот можете да го погледнете тука на 0:50 од видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Астон Вила го чекираа билетот за четвртфинале

Во првите дуели, Арсенал и Астон Вила обезбедија значителна предност, па денеска само треб…