Дома Фудбал Манчестер Јунајтед добива неочекувано засилување пред крај на сезоната

Манчестер Јунајтед добива неочекувано засилување пред крај на сезоната

Англискиот играч за врска на Манчестер Јунајтед Мејсон Маунт се враќа на тренинг со својот тим по тримесечна пауза поради повреда на препоните. Маунт оваа сезона одигра 13 натпревари, но во нив не постигна ниту еден гол ниту асистенција. Тој пристигна во Јунајтед пред две години и беше платен 65 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не се покажа како засилување. Постигна само еден гол во 32 натпревари во кои настапи во текот на две сезони. Маунт ја започна кариерата во Челси и со добрите игри во Лондон заработи повик во англиската репрезентација. За неа има 36 настапи и пет погодоци.

Манчестер Јунајтед оваа сезона е слаб според своите стандарди. Во Премиер лигата е на 14. место, а испадна од ФА купот од Фулам. Во Лига Европа игра реванш натпревар од осминафиналето против Реал Сосиедад во четврток на Олд Трафорд. Првиот натпревар заврши 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…