Дома Фудбал ВИДЕО Салах со солзи во очите по елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампионите

ВИДЕО Салах со солзи во очите по елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампионите

ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во осминафиналето го исфрли Ливерпул на пенали. Херој на францускиот тим беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој во пенал серијата одбрани два удари од белата точка на Дарвин Нуњез и Куртис Џоунс. ПСЖ во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Астон Вила и Клуб Брюге.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 0:1, исто како и првиот, кој се играше во Париз. Единствениот гол го постигна Дембеле во 17. минута.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


До крајот, Ливерпул создаде повеќе шанси, но не успеаја ни за 120 минути да дојдат до победа. Следеше пенал серијата во која за францускиот тим сите изведувачи беа прецизни , а за Ливерпул постигна само Мохамед Салах.

Египчанецот беше во фокусот на режисерите на натпреварот откако неговиот тим беше елиминиран. Камерите го фатија Салах, кој беше видливо емотивен и во солзи по елиминацијата на неговиот тим.

Мо Салах беше во солзи по елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампионите
byu/DavidRolands insoccer

Египчанецот оваа сезона игра извонредно за Ливерпул. Во 42 одиграни натпревари постигна 32 гола, а при тоа додаде 22 асистенции. На Ливерпул по елиминацијата од Лигата на шампионите му преостанува борбата за титулата во Премиер лигата, каде што имаат 15 поени и натпревар повеќе од вториот Арсенал. Исто така, во недела играат финале во Лига купот против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума одговори на критиките: Тие не знаат како е да се биде голман!

Ливверпул вчера беше елиминиран од Лигата на шампионите со поразот од Пари Сен Жермен на п…