Дома Фудбал Големи промени во Србија: Против Англија ќе играат во сини дресови?

Големи промени во Србија: Против Англија ќе играат во сини дресови?

Фудбалската репрезентација на Србија за првпат во историјата ќе игра во комплетно сина опрема! Дуелот против Англија во рамки на квалификациите за Светското првенство (9 септември) во Белград, ќе биде премиера на новиот технички спонзор – американската компанија „Капели“, како и враќање на стариот грб на Фудбалскиот сојуз на Србија..

По скоро две декади во црвена опрема, Србија ќе се појави против “гордиот Албион” во неочекувано издание – син дрес, сини шорцеви, сини чорапи. Наведената промена не е трајна, туку е договорена специјално за оваа средба, додека резервната комбинација ќе биде целосно бела.и.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Според информациите на „Моцарт спорт“, оваа одлука е донесена на неодамнешните состаноци помеѓу Фудбалскиот сојуз на Србија и претставниците на „Капели“ во Куќата на фудбалот во Стара Пазова, како и во Дизелдорф, каде што се наоѓа „шоу румот“ на престижната американска компанија. Делегација на ФФС кон крајот на февруари ја посети седиштето на Капели и се увери во квалитетот на новата опрема, која ќе биде изработена во најсовремена технологија.

Промоцијата на новите дресови е закажана за периодот од први до 15 август, по што ќе бидат достапни во продажба. Првиот официјален натпревар во кој српските фудбалери ќе играат во опремата на „Капели“ ќе биде токму спектаклот против Англија во квалификациите за Светското првенство.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салиба ја донесе својата одлука за иднината – Реал Мадрид или Арсенал?

Навивачите на Арсенал го сметаат Салиба за еден од клучните играчи во тимот, иако тој јавн…