
Баерн Минхен во саботата неочекувано загуби на „Алијанц Арена“ од Бохум по неверојатиот пресврт во натпреварот од 25. коло на германската Бундеслига. Но, сето тоа падна во втор план поради срамниот потег на Лерој Сане.
Венсан Компани реши во 63. минута да направи дури четири измени, а од теренот, меѓу другите, го изведе и Сане.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Сане очигледно беше незадоволен од таквата одлука, но никој не очекуваше дека ќе ги истури своите фрустрации кон четвртиот судија.
Додека излегуваше од теренот, дури го турна четвртиот судија, што го остави и него во шок. Четвртиот судија им покажуваше на играчите од Баерн кои можат да влезат на теренот, а Сане го фати за рака и го поттурна за да помине.
Меѓутоа, на неговата жалост, сето тоа го снимаше еден навивач кој беше веднаш зад клупата на Баерн и сето тоа јавно го објави.
Сане се најде на голема цел на критики поради срамниот потег кон четвртиот судија и не е исклучено дека Бундеслигата ќе реагира по сето ова.