Дома Фудбал Не се веќе 115: Се појавија нови обвинувања за Манчестер Сити, клубовите ќе треба да гласаат за исфрлање од Премиер лигата?

Не се веќе 115: Се појавија нови обвинувања за Манчестер Сити, клубовите ќе треба да гласаат за исфрлање од Премиер лигата?

Англиската и светската спортска јавност со голем интерес го следи развојот на случајот Манчестер Сити, кој е обвинет за кршење на финансиските правила. Неодамна дојде до значителен напредок во истрагата поврзана со 115 обвинувања против клубот, а Премиер лигата ги предупреди да се подготви за сите можни сценарија.

Манчестер Сити е обвинет за прекршувања на финансискиот ферплеј, но клубот одлучно ги отфрла сите обвинувања. Службеното сослушување започна во септември, но сѐ уште не е донесена конечна пресуда од страна на независната комисија. Новите извештаи сугерираат дека бројот на обвинувања е зголемен на 130.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Ако се потврди дека Манчестер Сити ги прекршил правилата сериозно финансиските правила, тоа ќе има големи последици за иднината на натпреварувањето во Премиер лигата.. Иако не е јасно какви ќе бидат казните, постои можност независната комисија да предложи исфрлување на клубот од лигата. Сепак, за тоа би било потребно останатите клубови во Премиер лигата да гласаат за таквата одлука.

Како што објасни Аријаман Бандери, шеф на фудбалската администрација во Лејн Кларк & Пикок: „Правилото Б6 на Премиер лигата предвидува дека за исфрлување на некој клуб од натпреварувањето мора да се изгласа специјална резолуција, што бара 15 клуба да гласаат за таквата одлука. Доколку Манчестер Сити успешно ги победи сите обвинувања, тоа ќе покаже слабост на Премиер лигата во спроведувањето на своите правила.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото промашување на Јувентус уште повеќе ги налути навивачите – по дебаклот се забавувал во ноќен клуб!

Бразилскиот фудбалер Даглас Луиз се најде во центарот на вниманието откако бил забележан в…