Дома Фудбал Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски, кој настапува за ТСЦ Бачка Топола, доби големо признание во српската фудбалска Суперлига, откако беше прогласен за најдобар играч на колото.

Тодороски одигра извонреден натпревар во победата на неговиот тим од 3-1 против Раднички на гостински терен, при што не само што постигна еден од трите погодоци, туку и прикажа доминантна игра низ целиот меч.

Ова е вторпат оваа сезона 25-годишниот македонски дефанзивец да биде прогласен за најдобар во едно првенствено коло. Интересно е што првиот пат ова признание го доби додека сè уште го носеше дресот на Спартак Суботица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…