Дома Фудбал Реал Мадрид повлече радикален потег – купува плејмејкер од 100 милиони евра како замена за Модриќ

Реал Мадрид повлече радикален потег – купува плејмејкер од 100 милиони евра како замена за Модриќ

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (39) е вистинска икона и легенда на Реал Мадрид, со кој освои сè што може да се освои, и во Шпанија, и на европско и светско ниво.

Иако на свои 40 години, Хрватот сè уште игра на високо ниво. Вистински лидер е на теренот, па многу се зборуваше дека ќе добие уште една година договор.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Меѓутоа, ситуацијата изгледа е целосно поинаква и Модриќ од летото нема повеќе да биде член на Реал.

По натпреварот во Ла Лига против Рајо Ваљекано кој Реал го доби со 2:1, во Мадрид започнаа сериозна работа.

Шпанските медиуми пренесуваат вести дека Реал започнал да бара замена за Модриќ, со што му даваат јасен знак на Хрватот.

На мета наводно е Аргентинецот Енцо Фернандез, фудбалер на Челси.

Споменатиот 24-годишник со лондонскиот клуб има договор до летото 2032 година и вредност од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски против Бенфика може да го прескокне Роналдињо на вечната листа на Барселона

Искусниот полски голгетер Роберт Левандовски веќе трета сезона по ред живее живот полни др…