
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ (30) продолжува да трпи неверојатни удари во најсилната лига на светот, поради што во Денвер веќе се исклучително фрустрирани. На тоа се надоврзуваат коментари на бројни аналитичари кои го понижуваат Јокиќ и тврдат дека оваа сезона не треба да биде најкорисен играч на лигата (МВП).
Никола Јокиќ и оваа сезона има зачудувачки резултат во НБА лигата. Српскиот кошаркар игра навистина чудесно и ги носи Денвер Нагетс на свој грб.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Србинот има трипл-дабл, во просек постигнува 28.9 поени, 12.9 скокови и 10.6 асистенции. Во сите три категории е меѓу Топ 3 во лигата.
Меѓутоа, за некои стручњаци и аналитичари тоа не е доволно да биде МВП. Има многу кои го фаворизираат Шај Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер.
По меѓусебниот натпревар во кој Оклахома прилично лесно ги победија Денвер со 40 поени на канадскиот кошаркар, и речиси нов трипл-дабл на Јокиќ (24 поени, 13 скокови, 9 асистенции), се јави контроверзниот Стивен А. Смит.
Тој порача дека Шај е МВП и дека нема повеќе никакви дилеми. Таквите зборови се понижување за Џокер.
“That was clean, play on” pic.twitter.com/bQXI1M5w0N
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) March 9, 2025