Дома Фудбал Јувентус сака да го замени Влаховиќ со вистински ѕвер!

Јувентус сака да го замени Влаховиќ со вистински ѕвер!

Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона и ако плановите на торинскиот великан се остварат, српскиот напаѓач веќе за неколку месеци никој нема да го помни.

Дури 84 милиони евра издвои Јуве за Влаховиќ пред три години. Тој таа сума не ја оправда, и главно не донесе премногу за Бјанконерите.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Кога одби да ја намали платата од 12 милиони евра за нов договор, беше јасно дека за него нема да има повеќе место во Торино. Веќе му е соопштено дека може да бара нов клуб и Статара дама го поставила цената од 25-30 милиони евра.

Јуве има големи планови за летото и ако се исполнат, никој нема да се сеќава на српскиот напаѓач, нити ќе му недостига на некого.

Бјанконерите имаат намера да го задржат Рандал Коло Муани. Францускиот фудбалер дојде на позајмица оваа зима и Влаховиќ го исфрли од првата постава.

Задоволни се од неговото учинок, сакаат да го задржат на позајмица и следната сезона, тој има намера да остане и работата би можела брзо да се заврши.

Сепак, челниците на италијанскиот гигант нема да застанат тука. Некој треба да го добие и дресот со број 9 кој го носи Влаховиќ. Веќе се знае кој би можел да биде.

Јуве е подготвен да плати огромна сума на големиот ривал Наполи за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен. Тој е прва цел на Статара дама за следната сезона.

75 милиони евра се потребни за да се донесе Нигериецот кој моментално е на позајмица во Галатасарај. Таа сума нема да биде проблем за Јувентус кој одлучи да инвестира огромни средства на напаѓач.

Ако успеат да го доведат Осимен, тој и Коло Муани ќе го формираат нападот на Статара дама следната сезона. Изгледа многу моќно и Влаховиќ повеќе никого нема да интересира.

Србинот веројатно ќе добие бројни понуди благодарение на пристапната цена. Англија моментално е најреалната опција за него.

Астон Вила е подготвена да му даде сумата која ја бара. Го гледа како идеална замена за Џона Дуран и имаат намера да го направат прв напаѓач следната сезона.

Се поврзуваше 25-годишникот и со италијанските великани Интер и Милан, како и со мадридскиот Атлетико, но никој од нив не сака да издвојува огромна сума за плата.

Ќе видиме каде ќе заврши Душан на крајот од сезоната, но јасно е дека дресот на Јувентус повеќе нема да го носи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Се чинеше дека неговата кариера е завршена кога беше суспендиран на четири години поради н…