Дома Фудбал Анчелоти: Не сум изненаден од формата на Модриќ

Анчелоти: Не сум изненаден од формата на Модриќ

Реал Мадрид во недела од 16:15 на домашен терен игра градско дерби против Рајо Ваљекано во рамките на 27. коло од Ла Лига. Кралскиот клуб моментално е трет на табелата, но заостанува само три бода зад лидерот на првенството Барселона и два бода зад мадридски Атлетико.

Анчелоти во неколку наврати изјави дека мирно ја чека натпреварот бидејќи тимот имаше дури пет дена одмор. Рече дека Федерико Валверде е подготвен и дека ќе игра и како е разочаран од загубата на бодови и играта во натпреварот против Бетис. Последното прашање на конференцијата беше за Лука Модриќ. 

На прашањето дали ќе игра утре, Анчелоти решително и сериозно одговори: „Веќе ви кажав, може да игра утре и во среда. Нема проблеми со опоравувањето. Не сум изненаден од неговата форма бидејќи гледам како се подготвува на тренинзите, тој е пример кој младите треба да го следат“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…