Дома Фудбал Аморим најде „оправдување“ за синоќешното издание на Јунајтед против Реал Сосиедад

Аморим најде „оправдување“ за синоќешното издание на Јунајтед против Реал Сосиедад

Манчестер Јунајтед синоќа во Шпанија одигра нерешено против тимот на Реал Сосиедад. По натпреварот, кој заврши 1:1, за медиумите зборуваше Рубен Аморим, тренерот на Црвените Ѓаволи.

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа, Манчестер Јунајтед одигра нерешено против тимот на Реал Сосиедад со 1:1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Не блескаа по пеналот досуден за Сосиедад, но првото полувреме и дел од второто полувреме навистина изгледаа респектабилно за тимот на Црвените Ѓаволи.

По натпреварот за самиот меч зборуваше Рубен Аморим. Португалецот истакна дека е задоволен, но пронајде и причина зошто тимот опаѓаше како што времето минуваше.

„Мислам дека до пеналот имавме целосна контрола над натпреварот и мислам дека пеналот го промени интензитетот на играта”, започна Аморим и додаде:

„Се почувствува дека сме страшно уморни во последните триесет минути. Можеше да се види на лицата на играчите и да се почувствува во нашата игра. Едноставно играме многу натпревари, а сега сè е на нас да славиме на Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го прашаа што му е омилено во Америка – неговиот одговор ги изнасмеа сите (Видео)

Легендата на хрватската репрезентација и Реал Мадрид, Лука Модриќ, успешно ја помина групн…