Лицето задолжено за односи со јавноста на фудбалскиот тренер на Милан, Сержо Консеисао, поднесе оставка од таа позиција.
Франсиско Емпис, човекот кој беше “десна рака” на португалскиот стратег во подготовка на јавни настапи и односи со медиумите, повеќе нема да ја извршува таа функција бидејќи давал информации на новинарите за незадоволството на тренерот во Милан.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Истакнуваше дека на Консеисао не му е по вкусови структурата на Миланело, кој не е на највисок можен стандард, недостатокот на атлетска подготвеност на тимот под претходниот тренер Пауло Фонсека, недостатокот на посветеност на некои играчи и недостатокот на доверба од менаџментот на клубот.
“Информацијата која е објавена содржи неколку грешки и неточности и се однесува на врската помеѓу играчите, техничката служба и менаџментот на Милано. Tие не се однесуваат на вистината и фактите, туку само на шпекулации”, изјави Емпис пред заминувањето
Сето ова само се надоврзува на случувањата во Милано кои се комплетно хаотични почнувајќи од незадоволството со резултатите, па до перформансите на поединците и нивниот однос кон дресот почнувајќи од Тео Ернандез, Рафаел Леао, Мајк Мењан…