Дома Фудбал Неверојатен податок: Знаете ли кога последен пат Баерн го победил Леверкузен?

Неверојатен податок: Знаете ли кога последен пат Баерн го победил Леверкузен?

Денес продолжуваат натпреварите во осминафиналето на Лигата на шампионите, веројатно уште поинтересни од вчерашните, а дербито се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува Баер Леверкузен.

Интересно е што ова е седмиот дуел на Чаби Алонсо против својот поранешен клуб, и досега нема ниту еден пораз од Баерн Минхен.

Чаби Алонсо на досегашните шест средби со Баерн забележа три победи и три нерешени натпревари. Последниот пат беше нерешено само пред три недели, во Леверкузен кога беше 0:0.

На тој натпревар Баер беше многу подобар и поблиску до победата, но Баерн Минхен успеа да остане непоразен.

Како завршеток, тука е уште еден неочекуван податок – Баерн Минхен последен пат го победи Баер Леверкузен на 30 септември 2022 година и тоа со Јулијан Нагелсман со резултат 4:0!

За Баерн тогаш играа: Нојер, Павар, Упамекано, де Лихт, Дејвис, Кимих, Сабицер, Сане, Мане, Милер и Мусијала. Од клупа влегоа Гнабри, Горецка, Чупо-Мотинг, Гравенберх и Мазрауи.

Од тогаш, од март 2023 година, до денес, Леверкузен со Чаби Алонсо не знае за пораз против Баерн.

Кој победува вечерва до 21.00 часот?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Лион: Фонсека суспендиран на девет месеци!

Фудбалската професионална лига на Франција го суспендираше тренерот на Олимпик Лион, Пауло…