Дома Фудбал Раниери го менува планот – Рим е на нозе!

Раниери го менува планот – Рим е на нозе!

Доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома донесе преродба на “волчицата” и го врати оптимизмот во тимот од главниот град на Италија.

Под водство на искусниот 73-годишен стручњак, Рома веќе освои 30 бода во Серија А и од безизлезна ситуација сериозно се приближи до местата што водат во Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај тоа, Рома достигна до осминафинале во Лига Европа, каде што ќе се сретне со Атлетик Билбао.

Според договорот со челниците на клубот, Раниери требаше да остане тренер само до крајот на оваа сезона и потоа да премине на некоја од раководните позиции во клубот.

Многу познати тренерски имиња беа поврзувани со Рома, но во клубот веќе разгледуваат можност да му понудат нов договор за сезоната 2025/26. Навивачите го дочекаа ова со големо воодушевување.

Сега се чека одговорот од самиот Раниери, кој ќе одлучи дали ќе го прифати продолжениот мандат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…