Дома Фудбал Четири европски гиганти се борат за ѕвезда на Баерн Минхен

Четири европски гиганти се борат за ѕвезда на Баерн Минхен

Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Јошуа Кимих (30), ако одлучи да го напушти баварскиот клуб, ќе биде еден од најбараните играчи во летниот трансфер период. За него интерес покажуваат Барселона, Ливерпул, Реал Мадрид, а сега во трката се вклучи и Арсенал, објавија во понеделник британските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бидејќи на 30 јуни му истекува договорот, Кимих може да преговара со повеќе страни. Бајерн, каде што има годишна плата од 19.5 милиони евра, преговара со него за продолжување на договорот, но во британските медиуми се појави информација дека и Арсенал разговарал со неговиот менаџер.

Меѓутоа, „топчиите“ не сакаат официјално да коментираат дали имало контакти со Кимих. Сосема е сигурно дека добро би им дошол ваков врвен фудбалер во средниот ред, бидејќи ова лето Томас Парти и Жоржињо ќе бидат слободни играчи.

Кимих пристигна во Баерн во јули 2015, е постојан првотимец, а за баварскиот клуб одигра 435 натпревари. Прво беше врвен десен бек кој често се вклучуваше во нападот, за Пеп Гвардиола да го премести во средниот ред, каде што исто така се снајде одлично. И во германската репрезентација е незаменлив, па за “Елф” има собрано 97 настапи, а запиша седум голови и 22 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќ која ќе сака да ја заборави: Мануел Ноер постави неславен рекорд во Лига на шампиони

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналет…