Дома Фудбал Кога се враќа Родри? Пеп изненаден!

Кога се враќа Родри? Пеп изненаден!

Родриго Ернандез, најдобриот играч на светот познат како Родри, наскоро ќе се врати на теренот по тешката повреда.

Родри веќе го нема месеци наназад, точно од октомври кога ги скина лигаментите на коленото. Заврши операција, помина рехабилитациски период и во меѓувреме ја освои Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Иако се очекуваше дека за Родри сезоната е завршена, последната изјава на неговиот тренер Пеп Гвардиола ни кажува дека наскоро би можел да се врати на теренот.

Манчестер Сити сподели видео на кое се гледа дека Родри полека тренира со топката. Во исто време, Гвардиола е изненаден и најавува можен повраток веќе во Премиер лигата оваа сезона.

“Навивачите треба да знаат дека не се единствените кои се возбудени. Поминаа пет или шест месеци, но треба да одиме чекор по чекор. Не треба да носиме брзи и глупави одлуки само за да го видиме за неколку недели. Ова е одлична вест, но сè уште не е блиску. Работеше со топката, среќен е и полн со самодоверба, беше во соблекувалната и чувствува дека ќе се врати пред крајот на сезоната. Не го очекував тоа, но изгледа дека ќе се врати пред Светското клупско првенство, можеби веќе во Премиер лигата”, рече Гвардиола.

Блиску до враќање на терените е и Оскар Боб, младиот крилен фудбалер од кој Гвардиола имаше големи очекувања пред почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан има три кандидати за спортски директор

Милан е во сериозна криза, но тренерот не е сменет. Затоа, управата реши да се посвети на …