Дома Останати Кошарка Јокиќ ја покажа сета моќ и со брутален трипл-дабл го „здроби“ Детроит (Видео)

Јокиќ ја покажа сета моќ и со брутален трипл-дабл го „здроби“ Детроит (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа нова победа, и тоа повторно многу убедлива, а овој пат настрада Детроит Пистонс. Тимот на Денвер играше одлично за време на целиот натпревар, а резултатот на крајот беше дури 134:119 во нивна корист.

Целосен пресврт на овој натпревар беше виден во третата четвртина кога Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл и тоа на неверојатен начин.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јокиќ за помалку од 30 минути на теренот постигна дури 18 поени, 17 скокови и 15 асистенции, што само по себе е феноменално.

Кошаркарите на противничкиот тим никако не можеа да го запрат Јокиќ, но и другите играчи на Денвер лесно ги исфрлија од игра, па на крајот Детроит запиша убедлив пораз.

Најдобриот играч на натпреварот беше секако Никола Јокиќ кој го заврши натпреварот со 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…