Дома Фудбал Консеисао се налути: Ако не сум потребен, ќе заминам од Милан

Консеисао се налути: Ако не сум потребен, ќе заминам од Милан

Тренерот на Милан, Сержо Консеисао, имаше долга прес-конференција по синоќешниот пораз на неговиот тим на гостувањето во Болоња.

Португалскиот стратег го започна својот мандат во Милано со освојување на Суперкупот на Италија, но по тој триумф работите не се одвиваат според очекувањата.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Поразот во Болоња дополнително ги продлабочи проблемите, а Консеисао изгледаше разочарано, истакнувајќи дека не добива доволна поддршка, ниту од клубот, ниту од навивачите, па дури ни од медиумите.

„Ако сметате дека повеќе не сум потребен, спремен сум веднаш да си заминам, без да барам ниту едно евро за тоа. Зад себе имам речиси 100 натпревари во Лигата на шампионите, освоив 13 трофеи во кариерата. А постојат тренери кои немаат ниту еден освоен трофеј, а сепак добиваат огромна поддршка. Искрено, тоа не ми се чини фер“, изјави Консеисао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми во Јувентус: Фудбалер призна дека не го поднесува Мота

Фудбалерите на Јувентус испаднаа од Лигата на шампионите, а потоа и од Купот на Италија. Н…