Дома Останати Тенис Синер е отстранет од листата за спортист на годината

Синер е отстранет од листата за спортист на годината

„Лауреус“ фондацијата одлучи да го исфрли Јаник Синер од листата на кандидати за наградата за спортист на годината која тие ја доделуваат.

Причината зад оваа одлука е суспензијата за допинг која му беше изречена на Синер.

Минатата година, наградата од „Лауреус“ ја доби Новак Ѓоковиќ за неговите успеси од 2023 година. Синер, кој има 23 години, се сметаше за еден од главните кандидати оваа година, бидејќи освои три од четирите гренслем турнири во 2024.

Номинациите ќе бидат официјално објавени на 3 март, додека победникот ќе биде прогласен на церемонија во Мадрид, која ќе се одржи на 21 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина ја победи Сабаленка и го освои УС Опен!

Елена Рибакина го постигна невозможното на последниот Голем шлем турнир оваа сезона во Њуј…