Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по долга пауза се враќа на турнир кој го освоил шест пати

Ѓоковиќ по долга пауза се враќа на турнир кој го освоил шест пати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на Мастерс турнирот во Мајами за првпат по шест години, што беше потврдено со објавувањето на официјалната листа на учесници.

Пред настапот во Мајами, Ѓоковиќ ќе игра на престижниот турнир во Индијан Велс, кој ќе се одржи од 5 до 16 март. Веднаш потоа, од 18 до 30 март, ќе се натпреварува и на терените во Мајами, каде што досега има освоено шест трофеи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Последниот пат кога 24-кратниот гренд-слем шампион учествуваше на овој турнир беше во 2019 година. Неговото враќање е со нетрпение очекувано од љубителите на тенисот, бидејќи Ѓоковиќ има богата историја во Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синот на Трамп по страшниот напад во Австралија, потсети на случајот со Ѓоковиќ

Синот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп Јуниор, г…