Дома Фудбал Teнзии во Арсенал: Двете ѕвезди влегоа во жестока расправија

Teнзии во Арсенал: Двете ѕвезди влегоа во жестока расправија

Две големи ѕвезди на Арсенал не можеа да го задржат својот бес откако овој тим одигра нерешено на гостувањето кај Нотингем Форест, и дополнително се оддалечи од трката за прво место во Премиер лигата.

Арсенал вчера гостуваше кај Нотингем Форест и одигра 0:0, што беше уште еден натпревар на кој Топџиите не постигнаа гол.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Уште полошо за Арсенал е што Ливерпул на свој терен оствари нова лесна победа од 2:0, а овојпат тоа го направија против Њукасл.

Сега Ливерпул е на првото место со 13 бода предност во однос на Арсенал, а до крајот на сезоната остануваат уште 11 натпревари и навистина е тешко да се поверува дека Ливерпул ќе ја испушти предноста што ја стекна.

Она што на навивачите им падна во очи на натпреварот против Нотингем Форест беше расправијата на двете големи ѕвезди по сигналот на судијата за заминување во соблекувалните.

Имајќи предвид дека се повредени Габриел Жесус, Каи Хаверц, Габриел Мартинели, како и најголемата ѕвезда Букајо Сака, Артета беше принуден во врвот на нападот да го стави Микел Мерино.

Сепак, овојпат тоа не донесе резултат, а сето тоа предизвика фрустрации кај Деклан Рајс и Габриел Магалаеш, кои се караа додека го напуштаа теренот.

Судијата означи крај на натпреварот, а навивачите јасно видоа како Рајс вика кон Бразилецот додека го напуштаа теренот по вчерашниот натпревар.

Англичанецот не изведе добро слободен удар на крајот на натпреварот, и се претпоставува дека тоа е еден од причините за нивната расправија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mикел го „погоди“ Карагер каде што најмногу го боли: Зборуваше како се освојува Премиер лигата, а – никогаш не си ја освоил!

Во неделата, легендата на Ливерпул Џејми Карагер сугерираше дека Мохамед Салах е во непово…