Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совлада Ипсвич на домашен терен.
На Олд Трафорд, натпреварот започна разочарувачки за Манчестер јунајтед. Ипсвич постигна гол во четвртата минута преку Филоген.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Јунајтед израмни во 22-рата минута, благодарение на автоголот на Морси. Само неколку минути подоцна, Де Лихт ја зголеми предноста на 2-1.
Ипсвич одговори со уште еден гол пред крајот на првото полувреме, поставувајќи резултат на 2-2. Сепак, Мегваер му обезбеди победа на домаќините.
Што се однесува до „граѓаните“, тие со минимални 1-0 триумфираа во Северен Лондон. Ерлинг Халанд беше стрелец на единствениот гол, кој го постигна во 12-тата минута.