Крилото на Милан Кристијан Пулишиќ постигнал договор со клубот за продолжување на договорот под подобрени финансиски услови, пренесува весникот Газета дело Спорт.
Платата на Пулишиќ ќе биде зголемена од 4 милиони евра на сезона на околу 5 милиони годишно, што ќе го направи еден од најплатените фудбалери на Милан. Новиот договор на Американецот ќе биде до крајот на сезоната 2028/2029. Тој беше донесен во миланскиот клуб за 22 милиони евра во летото 2023 година.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Во моментот, токму Пулишиќ е водечкиот стрелец на Милан во сите турнири заедно со Тижани Рејндерс, при што двајцата имаат по 12 гола. Во Серија “А”, 26-годишниот играч има шест голови и шест асистенции.