Дома Топ вести Интер во јануари добива ГОЛЕМО засилување од Баерн Минхен!?

Интер во јануари добива ГОЛЕМО засилување од Баерн Минхен!?

Интер во следниот трансфер период би можел да добие големо засилување.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Баерн Минхен е подготвен да го продаде Артуро Видал уште во јануари, а Интер засега покажа најголем интерес. Наводно, Баерн не може да ги толерира дисциплинските проблеми на Видал, откако беше објавено дека има проблеми со алкохолот и ноќниот живот.

Чилеанецот ја изгуби мерката, тоа влијае и на неговата игра, а Баерн нема време, ниту трпение да чека. Јуп Хајнкес на само два натпревари го стави Видал во стартниот состав и нема проблем да остане без него уште во зимскиот период.

Потсетуваме, Видал веќе играше во Италија од 2011. до 2015. за Јувентус, а договорот со Баерн му истекува во јуни 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…