Англискиот менаџер Стивен Џерард би можел да преземе нов клуб во блиска иднина откако се раздели со саудискиот Ал Итифак.
Се зборуваше дека Џерард ќе остане да работи во Саудиска Арабија, но како еден од амбасадорите на нивниот фудбал, сепак, посериозните предизвици се во Европа.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според шкотските медиуми, тој е еден од главните фаворити да го наследи Филип Клемон на клупата на Глазгов Ренџерс, клуб што го водеше пред да замине во Астон Вила.
Со клубот од “Ајброкс” ја освои шампионската титула во сезоната 2020/21 кога беше прогласен и за најдобар тренер во Шкотска.
Фаворити за нов стратег на “полицајците” се уште се Бери Фергусон и Исам Шарај.
Ренџерс заостанува 13 поени зад првопласираниот Селтик на второто место каде имаат 15 поени повеќе во однос на Абердин.