Голманот на мадридски Реал, 32-годишниот Тибо Куртоа, изјави дека е подготвен да се врати во белгиската репрезентација следниот месец откако е сменет поранешниот селектор Доменико Тедеско. Куртоа поради конфликтот со Тедеско го пропушти и минатото Европско првенство во Германија, а последниот, 102. настап за Белгија го имаше уште во јуни 2023.
“Ми недостигаше репрезентацијата, но сега сум подготвен за враќање”, рече Куртоа гостувајќи во подкаст кој го води поранешниот англиски стопер Рио Фердинанд.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
И новиот белгиски селектор Руди Гарсија по разговорите што ги водеше со Куртоа изјави дека би сакал да го има во тимот. Белгија крајот на март ќе игра два натпревари против Украина за останување во Лига А од Лигата на нации.