Дома Фудбал Ла Лига уште не ја одобрува регистрацијата на Олмо: Се подготвува нов „удар“ за Барселона?

Ла Лига уште не ја одобрува регистрацијата на Олмо: Се подготвува нов „удар“ за Барселона?

Барселона имаше големи маки на почетокот на оваа година за да успее да го регистрира Дани Олмо за остатокот од сезоната, а кога се чинеше дека ситуацијата конечно е решена, од Ла Лига подготвија нов удар за Каталонците.

На крајот на минатата година истече регистрацијата што Барселона ја имаше за Дани Олмо и Пау Виктор, а поради финансиски проблеми Ла Лига не дозволи Каталонците да ја продолжат регистрацијата на овие играчи.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Поради тоа Олмо и Виктор пропуштија неколку натпревари во јануари, а само откако Барселона поднесе жалба до ЦСД, овие играчи добија право да настапуваат до крајот на сезоната.

Сепак, челниците на Ла Лига и повеќето клубови во тоа натпреварување не можат да се помират со оваа факти и сметаат дека Олмо и Виктор не треба да играат и дека не е сè направено според правилата.

Иако се чинеше дека Барселона го решила овој проблем, јасно е дека тоа не е така едноставно. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, порача дека сагата продолжува и дека тие прават сè што можат за да ја поништат одлуката на ЦСД.

Тебас објасни зошто Ла Лига и ФС Шпанија ги одбиле трите барања на Барса за регистрација на овие играчи, по што Каталонците отидоа на суд кој ја уважи нивната жалба и нареди регистрација на Олмо и Виктор.

“Ги добивме документите за регистрација на Дани Олмо, но имаме извесни сомнежи во врска со една од компаниите што изнајмиле места во ВИП ложата. Одобривме регистрација само кога видовме дека парите се префрлени на сметката на Барселона”, рече Тебас.

Но, она што особено ги изненади навивачите на Барселона е пораката на Тебас дека тој прави сè што е можно за Олмо и Виктор да изгубат право на настап оваа сезона.

“Моето лично мислење е дека Олмо не смее да ја заврши оваа лига сезона и дека регистрацијата што ја нареди ЦСД мора да биде поништена. ЦСД ја донесе одлуката за помалку од 24 часа и ние поднесовме жалба на неа. Чекаме судски епилог”, додаде тој.

Познато е дека Барселона и Тебас баш и не се во добри односи, а првиот човек на Ла Лига не крие дека е навивач на Реал Мадрид.

Сепак, ни во Реал тој не е популарен во последно време поради сè што се случува со судиите во најсилната лига на шпанскиот фудбал.

Како и да е, во Барселона сега повторно стравуваат дека Олмо и Виктор може да останат без регистрација за натпреварите во Ла Лига, што за нив би бил огромен удар.

Kонечниот епилог од сето тоа треба да го добиеме следниот месец кога ЦСД ќе се огласи по жалбата што ја поднесе Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Перез не е семоќен: Има желба која Мендеш не може да му ја исполни

Флорентино Перез се обиде да го донесе во своите редови еден од најдобрите играчи на денеш…