Дома Фудбал Луди сцени во Серија А: Украде пенал на соиграчот, даде гол и прослави сам. Потоа беше заменет

Луди сцени во Серија А: Украде пенал на соиграчот, даде гол и прослави сам. Потоа беше заменет

Лоренцо Лукa (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона прикажува добри настапи, ја згрози италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26-то коло на Серија А. Удинезе победи кај Лече со 1:0 благодарение на голот на Лукa од пенал во 32-та минута, но никој освен стрелецот не го прослави.

Причината за тоа е неверојатното однесување на играчот, откако судијата со помош на ВАР додели пенал за гостите. Изведувач на пеналите на Удинезе е капитенот Флоријан Тауин, кој се упати кон топката. Сепак, топката ја украде Лукa и го тргна Тауин од топката, кој се обиде да го спречи во изведувањето на пеналот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На капитенот му се придружи остатокот од тимот, но Лукa ги отфрли и нивните обиди да го предаде пеналот на изведувачот. Тренерот Коста Рунјаиќ исто така му нареди да ја даде топката на Тауин, но безуспешно. За да и така бизарната ситуација стане уште полуда, тогаш судијата го казни Лука со жолт картон за однесување кон соиграчите.

Напаѓачот на Удинезе се обидоа да го разумат и играчите на Лече, поттикнувајќи го да го предаде пеналот на Тауин, но безуспешно. Лукa ја задржа топката, изведе пенал и постигна гол. Сепак, ниту еден од соиграчите не му се придружи во прославата и само го гледаа. Тренерот на Удинезе потоа го замени.

Лука ова лето премина во Удинезе од Писа со отштета од 8 милиони евра. Голот кој го постигна на овој скандалозен начин му беше 12-тиот на 28-от настап оваа сезона. Трансфермаркт му ја проценува вредноста на 18 милиони евра.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул оди по потписот на „еден од најдобрите фудбалери во светот“

Ливерпул би можел да изненади со потег за доведување на крилото на Аталанта, Адемола Лукма…