
Со само 17 години, Ламине Јамал стана голема фудбалска ѕвезда, стандардeн член на Барселона и европски шампион како репрезентативец на Шпанија. Веќе сите го “посакуваат”, секако мислиме на тие големи тимови кои можат да си дозволат да купат таков скапоцен играч, но очигледно е дека тој има јасни планови за иднината.
Во јули 2023, Ламине Јамал се приклучи кон првиот тим на Барселона и брзо обезбеди место во почетната постава. Секогаш кога е здрав, Ханси Флик го вклучува во првите 11. Неговиот договор трае до 2026 година, иако шпанецот повеќепати нагласи дека навивачите можат да бидат мирни. Нема намера да го напушти клубот.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
“Ако двете страни сакаат нешто да се случи, тогаш тоа и ќе се случи”, рече тој во интервју за “Мундо Депортиво”.
Овој 17-годишник прави чуда на теренот. Лесно ги надминува противниците, дрибла и постигнува голови.и веќе има 11 погодоци и 15 асистенции во 32 натпревари оваа сезона.
Поради тоа не е изненадување што за младиот фудбалер чека ред на подготвени кандидати. Жоан Лапорта одбил бројни понуди, вклучувајќи и наводно од ПСЖ. Јамал тврди дека не чул за овој предлог. Но, не крие дека во моментов нема намера да ги смене боите.
“Мислам дека никој нема сомнежи околу тоа каков навивач на Барселона сум и колку го сакам овој тим”, изјави Јамал.
Иднината може да напише различни сценарија, но Јамал е сигурен во едно. Знае која боја на клубот никогаш нема да носи. Барем не планира. За тоа зборуваше во делот од интервјуто за Мундо Депортиво кое беше објавено во четвртокот навечер.
Новинарот директно го праша што би направил Шпанецот ако добие понуда од Реал Мадрид.
“Јас во Реал Мадрид? Невозможно. Не, не во Мадрид”, одговори Јамал, давајќи цврста изјава. Веќе долго време е познато дека тимот од шпанската престолнина е вечен ривал на Барселона, но минатото знае за случаи кога еден играч играл за двата тима. Најзвучниот трансфер беше оној на Луис Фиго. Што е повеќе, тој директно од Барселона премина во Реал, иако околу оваа приказна имаше многу контроверзии и нејаснотии.