Дома Фудбал Нов шок за Арсенал: Артета остана без уште еден важен фудбалер

Нов шок за Арсенал: Артета остана без уште еден важен фудбалер

Арсенал остана без уште еден играч. Јапонскиот дефанзивец Такехиро Томијасу објави дека бил подложен на операција на десното колено, а британските медиуми наведуваат дека најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Тој, по Каи Хаверц и Габриел Жесус, веќе е трет играч на Арсенал кој имал операција во последниов месец.

“Пред неколку дена го оперирав моето колено и веќе започнав со рехабилитација за да се вратам на тоа што најмногу го сакам. Ова е сигурно најтешкиот период во мојата кариера и ќе продолжи уште малку, но нема да се откажам”, напиша 26-годишниот Томијацу на Инстаграм.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Јапонскиот репрезентативец, кој дојде во Арсенал од Болоња во 2021 година, собра 30 настапи минатата сезона, но поради повреда оваа сезона одигра само шест минути кога влезе како замена во октомври во натпреварот против Саутхемптон. Арсенал, кој заостанува седум бодови зад водечката екипа на Премиер лигата, Ливерпул, во сабота ќе го пречека Вест Хем Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Милан денеска нема да играат со своите презимиња на дресовите, еве и зошто

Фудбалерите на Милан во денешниот натпревар против Болоња ќе излезат со дресови на кои нем…