Фудбалскиот клуб Аталанта беше елиминиран од Лигата на шампионите откако изгуби од Клуб Бриж (5:2 вкупно), но натпреварот беше обележан со необичниот инцидент на капитенот Рафаел Толој.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот дефанзивец во завршницата на натпреварот се обиде да ја фрли топката кон противникот, но се сопна и падна, што предизвика смеа меѓу публиката.
Во продолжението на акцијата нападна на Де Купер, поради што судијата Феликс Цвајер му додели директен црвен картон.
Што прави Рафаел Толој😂😂 pic.twitter.com/nmeU2j3Fp4
— WanDijk (@WanDijk_) 18 февруари 2025
Бриж веќе во првото полувреме имаше голема предност од 3:0, а Аталанта не успеа да се врати во натпреварот, иако Адмола Лукман го намали резултатот.
Голманот Симон Мињоле го одбрани пеналот на Лукман и го осигура пласманот на белгискиот тим во осминафиналето.