Дома Фудбал Дочека и Артета: Конечно добри вести за Арсенал

Дочека и Артета: Конечно добри вести за Арсенал

Големи напаѓачки проблеми за Арсенал се главоболка на Артета, но работите полека стануваат се’ подобри.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Финишот на борбата за титулата ќе го одиграат играчите кои пропуштија дел од сезоната, а најверојатно можеме да очекуваме двајца по репрезентативната пауза.

Станува збор за Букајо Сака и Габриел Мартинели.

Мартинели се повреди на натпревар против Њукасл и сегашните резултати се многу подобри од очекуваните, и се очекува дека по 1. април ќе влезе во играчки ритам.

Што се однесува до Букајо Сака, овој фудбалер моментално тренира во теретана, се очекува крајот на февруари да излезе на тренинг со тимот, но дека ќе биде способен да игра можеби крајот на март или почетокот на април.

Тоа што е сигурно е дека Сака ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Англија на 21. и 24. март.

Како што веќе знаете, Каи Хаверц дефинитивно ја заврши сезоната, исто како и Габриел Жезус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …