Пред неколку дена, пишувавме дека четири или пет тима се подготвени да ја платат клаузулата. А сега, Французинот ја донел одлуката?
Она што е сигурено е дека Гризман ќе го напушти Атлетико и ќе им остави полна каса на Мадриѓаните. Но, за играч од неговиот квалитет, со оглед на тоа како пазарот се развива, 100 милиони не е голема сума. Подготвени да ја платат таа сума се Реал, Сити, Барселона, Јунајтед и ПСЖ, иако овие последниве имаат проблем, бидејќи мораат да го откупат Мбапе.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Иако минатото лето беше на чекор до Јунајтед, сега шансите се мали. Лукаку е првата ѕвезда на тимот, ќе се врати Ибрахимовиќ, ни самиот Гризман не е толку заинтересиран, доколку споредиме со останатите понуди, односно можности, може да остане во Шпанија. Нема врска ниту со парите, но ниту многу со фудбалот, а се пишува дека неговата сопруга има желба да остане во Шпанија.
Front Cover MD | “Griezmann Tracked” #FCBlive
• Barça had already enquired about the French striker. pic.twitter.com/a6s9g1FRWi
— Catalan Edition (@CatalanEdition) October 26, 2017
„Mundo Deportivo“ тврди дека Гризман им дал позитивен одговор на Барселона. Имено, Гризман не сака во Реал, иако тие би платиле и повеќе од 100 милиони, Барселона за него е опција која не би ги повредила навивачите на Атлетико, а и Каталонците би добиле играч за соништа кој би го заменил Нејмар.
Покрај тоа, тие исто така бараат и фудбалер кој би можел да го замени Суарез, а Гризман може да игра на повеќе места во нападот и одлично би се вклопил. Во овој момент, тој е поважен од Кутињо, против чие доаѓање се неколку играчи, еден од нив има големо влијание во соблекувалната. А и Гризман е поевтин од Кутињо, без разлика на тоа што ова звучи парадоксално.