Зинедин Зидан откри дека му е жал што никогаш не заиграл за Олимпик Марсеј, клубот од градот каде што се родил.
Иако „Марсеј е во одлична форма во моментов. Не сум играл таму – имаше само желба, но не се оствари. Кога ќе го посетиш нивниот стадион и ќе ја разгледаш инфраструктурата, сфаќаш дека станува збор за навистина голем клуб. Таму се случуваат интересни работи“, изјави Зидан.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Зидан ја заврши својата фудбалска кариера во јули 2006 година кога имаше 32 години. За време на својата кариера, тој играше за клубови како Кан, Бордо, потоа Јувентус и Реал Мадрид, каде што понатаму работеше како тренер, освојувајќи три титули во Лигата на шампионите.
Во своите 689 натпревари, Зидан постигна 125 голови и забележа 141 асистенција.